Радио Милева

Вака облечена Карлеуша се прошета низ Скопје (ФОТО)

Вака облечена Карлеуша се прошета низ Скопје (ФОТО)

Српската поп фолк пејачка Јелена Карлеуша минатиов викенд имаше настап во една позната скопска дискотека. Они екои се нејзини фанови беа во првите редови, вклучувајќи и некои македонски фолк пејачки кои дојдоа да ја видат и слушнат. Што заради забава, што заради купување финти од српската дива, кои македонските хејтерите на Фејсбук ја исплукаа нарекувајќи ја „вива ла нива“!

Дива или „нива“, Карлеуша си ја постигна целта. Како пееше кој слушнал кој не, како беше облечена на настапот во Скопје – сите видоа, ама затоа малкумина имаа привилегија видат како Карлеуша се прошета по скопските улици и да се дружат со неа!

Подеднакво брутална во имиџот кога се провокацијата и стилот на облекување ЈК дојде да биде гостинка во новата скопска телевизија.

А како и секоја добра рибетина, и русокосата заврши во мрежа… и тоа црна. Овој пат променета на себе, од грклан до глуждови.

Останатото го надополни со акцесоари, како големиот ланец со сонце, црните очила за сонце, широкиот колан со сонце околу струкот… Сонце и само сонце, на себе… Карлеуша блескаше во емисија како сонце!

Како асоцијација на земјата каде дошла или заради самопотенцирање на сопствениот блесок – само ѕвездата си знае!? Впрочем, ако е веќе ѕвезда, а несомнено е… Па и сонцето е ѕвезда. И тоа најголемата до нас!

 

To top