Радио Милева од породилиште на пат кон дома

Таско и Таша го внесоа за прв пат синчето во семејниот дом: Малечок, добедојде дома! (ФОТО)

Таско и Таша го внесоа за прв пат синчето во семејниот дом: Малечок, добедојде дома! (ФОТО)

Христијан Тасковски – Таско и неговата сопруга Наташа – Таша Реј неодамна првпат станаа родители и го добија синот  кој доби необично име Лукијан. Траперот на социјалните мрежи објави фотографии од Лукијан и Наташа како изглегуваат од приватното скопско породилиште каде малечкиот дојде на свет.

Зеланата ова лето е во мода, па двојката на фотографиите е облечена во стајлинг со иста боја.

„Лукијан е дома. Огромна благодарност до медицинскиот тим и Др. Симонида Котларова Попоска која покрај сите предизвици ни ги разубави животите, воедно огромно благодарам и до целокупниот медицински персонал кој будно го следеше Лукијан и Наташа, и им ја пружија сета нега. Се најубаво, ви благодарам уште еднаш на искрените честитки, и се дружиме за брзо“, напиша и Таша и  Таско, па истиот статус го споделија секој одделно на своите лични профили на социјалните мрежи.

За потсетување, Таско и Наташа се венчаа во април и направија свадбена веселба на која славеа со зурли и тапани, плех музика и со многу јавни и естрадни личности, а направија и имтимна забава на која тогаш за прв пат го открија полот на бебето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tasko (@tasko.ur)

Сега останува најтетовираната Македонка и популарниот трапер да покажат дека покрај тоа што се, умеат да бидат и добри посветени родители, во што не се сомневаме.

Епа малечок, добредојде дома!

Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/tasko.ur/tasha_ray_

To top