Радио Милева решила да чести...

Рада Кецман е брутално секси мињонче: Слатка како бонбонче, пејачката на во неа вљубените фанови им подели „гради на повелете“ и сочен бакнеж како лажна надеж (ВИДЕО)

Рада Кецман е брутално секси мињонче: Слатка како бонбонче, пејачката на во неа вљубените фанови им подели „гради на повелете“ и сочен бакнеж како лажна надеж (ВИДЕО)

Иако е релативно ново име на естрадата,  Рада Кецман успеа да засени многу свои попознати колешки. И со гласот, а особено со стасот и физичкиот изглед. Иако не многу висока, ова русокосо секси мињонче зрачи со таков сексапил на кој тешко кој би му одолеал.

Нејзините провокативни видеа и фотографии уште повеќе ја подгреваат желбата и распламтуваат фантазијата кај нејзините следбеници. Особено кога ќе се претстави во предизвикувачки пози како оние кои неодамна ги споделила на својот Инстаграм.

И овој пат Рада избрала стајлинг кој ја максимизираше нејзината совршена фигура, а следбениците не останаа рамнодушни на секси деколтето на оваа атрактивна пејачка. Бујната предница на русокосата убавица предизвика вистинска бркотнинца во копнежите и желбите на оние на кои „малата секси ѕверка“  им е по нивен вкус и мерка.

Сепак градите „на повелете“ не се единствените атрибути од кои умот им се мати на оние на кои Рада им е неостварена желба. Очигледно има и други, со поинаква определба на кои на пример големите силконски усни на пејачката полни хијалурон им се опсесија и неостварен сон.

За сите нив… како своевидна награда, еден сочен бакнеж од Рада!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rada Kecman (@rada_kecman)

Фото: Инстаграм принтскрин/rada_kecman

To top