Дара Бубамара е позната по љубовта кон скапите автомобили и брзото возење. Фолкерката која баш и не сака да ги следи правилата, сега предизвика многу коментари кога на Инстаграм кога објави неколку кадри на кои со малолетниот син Коста (13 ) му дозволи да ја воз на мотор со четири тркала, таканаречен квад.
Пејачката седнала зад нејзиниот наследник, кој од видеото се гледа дека возел доста брзо, додека во позадина се слуша како Дара воодушевено се смее. Бубамара снимале се’, додека момчето неколку пати се сврте кон неа.
Многу луѓе го коментираа ова видео, но никој не остана рамнодушен нарекувајќи ја пејачката неодговорна мајка. Дозволувањето на малолетно дете да вози предизвика лавина од негативни коментари и осуди за фолкерката, која на ризик го изложила не само своето дете, туку и таа самата, како и животите на останатите учесници во сообраќајот вклучувајќи ги и пешаците.
Инаку, Дара го добила синот Коста со поранешниот сопруг Милан, со кој се’ уште е во многу пријателски односи.Поврзани се’ пред се поради нивниот син, на кој и двајцата се многу горди, а потоа и како пријатели.
Фото и видео: Инстаграм/darabubamara_official