Радио Милева

Таско стана татко: Неговата сопруга Таша Реј на свет донесе синче кое доби многу необично име (ФОТО)

Таско стана татко: Неговата сопруга Таша Реј на свет донесе синче кое доби многу необично име (ФОТО)

Познатиот македонски хип-хоп музичар Христијан Тасковски – Таско стана татко. Неговата сопруга Наташа Неделковска, која јавноста ја познава како најтетовираната Македонка под уметничкото име Таша Реј роди син, на кого среќните родители му дадоа необично име за македонски прилики.

„Фала ти Господе за овој прекрасен благослов“, напиша (т)раперот на 22.06 и на Инстаграм Стори го откри името на бебето кое ќе се вика Лукијан.

Инаку, името Лукијан потекнува од латинскиот збор Lux, а означува светлина, осносно, „оној што свети, осветлува“.

 

Таско и Наташа се во брак од 2022 година, а во мај годинава се венчаа во црква и направија свадба со многу гости,  меѓу кои имаше и познати фаци од естрадата и јавниот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tasko (@tasko.ur)

Тие претходно имаа и забава за откривање на полот на бебето, кога за прв пат јавно споделија дека чекаат син.

Нека им е со среќа приновата!

Фото: Инстаграм принтскрин/tasko.ur

To top