Кога имаме дете и најчесто кога се подготвуваме за нешто, баш тогаш знае да се погоди да се случи некоја ситуација која ќе не извади од такт. . Или можеби само така ни се чини или веројатно тогаш и придаваме повеќе на значење па се претвора во наш „голем“ проблем за кој веднаш си го поставуваме прашањето: Зошто баш сега?
Токму со таков проблем се соочи и една од најпознатите и најследените инфлуенсерки во Македонија, популарната екс- водителка на естрадиот ТВ магазин „Бекстејџ“, Миа Костова.
Миа сподели со своите фанови дека нејзиниот син Адрија се подготвува за камп но, во текот на ноќта неговата температурата била доста висока:
– Една традиционална 39 температура и блуење цела ноќ пред пат и камп. Мајките точно знаат за што зборувам“ – напиша таа покрај споделената фотографија.
Но, Миа несебичного сподели и лекот за кој напиша дека е и доста познат, но за секој случај да се знае:
– Не е реклама за кока кола, туку е реклама за лек за стомачен вирус кој сигурна сум дека го знаете, ама да бидам сигурна. Или моментите во кои со драго срце велите: „ Пиј мама кока кола, те молам, голтка по голтка“ – напиша за совет и лек кој навистина може да ги извади мајките од незгодните моменти кога на најмилото му е лошо и тешко.
Во ова време кога доаѓаат промените и наглите затоплувања и кај возрасните стомачните мачнини се сѐ почести па, затоа убаво е да се знае дека некогаш можеме да си помогнеме и со нешто што често пати се наоѓа во нашата домашна аптека.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/ Миа Костова