Радио Милева војна без крај

Славниот холивудски актер и нуди милиони на бившата сопруга да ја напушто куќата, но таа одбива (фото)

Славниот холивудски актер и нуди милиони на бившата сопруга да ја напушто куќата, но таа одбива (фото)

Откако поднесе барање за развод од сопругата Кристина Баумгартнер, Кевин Костнер има големи проблеми поради просторот за живеење кој го делеше со поранешната. Неговата бивша која неодамна поднела барање за развод не сака да ја напушти заедничката куќа.

На почетокот на мај беше објавено дека Кевин Костнер се разведува, а според неговата сопруга причината биле „непремостливите разлики“. Во барањето за развод таа навела дека старателството над децата треба да биде заедничко. Според „ТМЗ“, Костнер побарал правна помош бидејќи Баумгартнер не сака да го напушти имотот, иако во нивниот предбрачен договор стои дека има 30 дена да го напушти нивниот дом во случај на развод.

Со оглед на тоа што Баумгартнер поднесе барање за развод на 1 мај по 18 години брак, таа треба да го напушти имотот според предбрачниот договор. Во извештајот до кој дошле медиумите, Кевин Костнер тврди дека ја користи својата позиција за да го принуди да се согласи со нејзините финансиски барања.

Актерот наводно веќе и платил на Баумгартнер 1 милион долари за да се пресели. Во судските документи се наведува дека Кевин Костнер е подготвен финансиски да ги издржува децата со 30.000 долари месечно и да и дава 10.000 долари за нејзините трошоци за селење.

Да потсетиме, ова е втор брак на Костнер, од 1978 до 1994 година беше во брак со Синди Силва, а со неа имаше три деца – Ени (39), Лили (36) и Џо (35). Тој има уште еден син, Лиам, кој го доби додека се забавуваше со Бриџит Руни.

фото:Profimedia/Instagram printskrin

To top