Младата македонска пејачка, Антониа Гиговска стана мета на негативни коментари но, нејзе критиките воопшто не ја допираат и не им придава значење туку напротив добива повеќе храброст да го покаже она на кое другите можат само да и завидуваат.
Пејачката објави дека се ближи терминот кога ќе стане мајка и во рацете ќе го држи најмилото.
Со гордо исправена глава и става Антониа покрај новите фотографии што ги објави напиша и емотивна порака:
„36 недели од бременоста. Малечко мое. Се ближи крајот. Поминавме многу заедно, а тек што не чека. Бројам ситно да те гушнам. Знаеш дека сме посилни од сѐ! Знам дека ќе бидеш мојот борец, мојот силен, мојот крал. Моја копија! Те чекаме! Те сакаме“ – заврши идната мајка откако ја обземаа наплив на емоции.
Злите јазици и овој пат беа пуштени на најјако па, во кометарите можеше да се прочита сѐ:
“Ко само таа да била трудна”, „и јас бев трудна па што”, “која е оваа” ? …. и така натака .
Таа е јавна личност и по примерот на славните наговести дека ќе се фотографира пред да се породи.
Најправо со бела прекривка, а потоа во црна комбинација пејачката го истакна стомакот во последниот триместар од бременоста, а во следната фотосесија веројатно ќе ја видиме и со наследникот в раце.
Задоволна од резултатот, Антониа ги објави најдобрите фотографии на нејзиниот „Инстаграм“, на кој често споделува објави поврзани со приновата која веќе во секој момент може да пристигне.
Нека е со лесно!
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Антониа Гиговска