Марија Шерифовиќ се налути на таинствениот член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, па му кажа жестока критика не знаејќи дека во прашање е Дејан Матиќ. Матиќ не гласаше за да поминат двајца кандидати, па Марија се изнервира зашто сметаше дека се одлични пејачи.
Директорот на „Гранд“ Саша Поповиќ за да ја смири напнатоста наведе дека ова е последна емисија во која таинствениот го дава својот глас. Марија не можеше да се смири, па брутално одговори
-Фала к***веќе, овде ми се качија и ти и твоите таинствени фантастични експерти, особено овој вечерва, упати коментар Марија за Дејан Матиќ, не знаејќи кому се обраќа и продолжи:
-Мораш да бидеш не само глув, туки и глуп, па да не им дадеш глас на вакви пејачи.
Матиќ потоа мирно и реплицираше:
Двајцата кандидати пеат многу „тезгарошки“, мислам дека тоа не е нивото за „Ѕвездите на Гранд“. Шерифовиќ беше револтирана од ваквиот коментар, па брзо одговори:
-А од тебе сигурно подобро пеат, кој и да си, веднаш да ти кажам, заклучи Марија Шерифовиќ.