Радио Милева

(ФОТО) Ќерката на Панчеви славеше матура: Мама Маја и честиташе, а еден детаљ од посветата насмеа многумина

(ФОТО) Ќерката на Панчеви славеше матура: Мама Маја и честиташе, а еден детаљ од посветата насмеа многумина

Меѓу семејствата од познатите кои имаат матурант годинава, се и Маја и Дарко Панчеви.

Нивната принцеза Надица израсна во голема девојка која стана полнолетна, стигна до матура и е на прагот на една нова животна етапа.

А разбирливо најсреќни и најгорди на своето чедо се родителите на кои им поминува низ глава, кога ли толку брзо порасна нивното дете.

Мама Маја на социјалните мрежи се пофали со својата убава матурантка и посака многу среќа и успеси понатаму, но и родителски грижливо и даде ограничување да биде дома до 3 часот наутро.

-Среќна матура, љубов мајкина, да си ми жива и здрава, многу успеси и добра среќа во животот… И да се вратиш до 3 саат, гласи честитката, но и ограничувањето на мама.

Токму овој момент од посветата насмеа многумина, но објавата исто така доби неколку стотици допаѓања и честитки за матурантката.

фото:фејсбук

To top