Синот на Тијана Дапчевиќ ,Вук има 14 години, и сега заврши основно училиште.
„Оди детето на поламатура. Среќно сине, мама и тато те сакаат“, напиша пејачката заедно со сетот фотографии на кои таа и нејзиниот сопруг позираат со наследникот кој го наследи нејзиниот талент и љубовта кон музиката.
– Тој е вистинско момче, неодамна наполни 14 години и сега завршува основно училиште. Се промени во смисла дека стана понезависен, има свои ставови и принципи кои не сака да ги нарушува, иако по тоа се одликуваше кога беше многу помал. Се смени и со тоа што повеќе не оди на кошарка, сега се префрли на теретана – изјавила неодамна нашата пејачката, за српскиот портал Хело.
– Сè што го интересира во моментов е музиката и нејзиното создавање, дури се пронајде во сосема нов жанр, а тоа е „фонк“ музиката, некоја електроника е во прашање. Во главно целата негова генерација најмногу се занимава со тоа и Вук доби многу фанови. Заврши нижо музичко школо, иако до сега навистина не бил љубител на клавирот, тоа не значи дека тоа нема да се промени кога ќе се запише во средното музичко училиште – изјавила таа.
Вук е слика и прилика на мајка му, а најновите фотографии покажуваат дека синот на Тијана Дапчевиќ израснал во вистинска даса, што е нејзината најголема гордост. Тој веќе е забележително повисок од неа, а извонредната сличност дополнително ја истакнува и неговиот „лежерен“ начин на облекување.
На социјалната мрежа „Инстаграм“ не изостана ниту честитката од неговата тетка, пејачката Тамара Тодевска, сестрата на Тијана, па по тој повод негова фотографија објави и таа.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Тијана Дапчевиќ/Милош Надаждин