Повеќекратната „повратница“ во реалното шоу Задруга, Маја Маринковиќ и на самото финале не можеше да се воздржи и да не ги истакне силиконите и долната облека.
Заврши финалето на „Задруга 6“ во кое за победничка беше прогласена старлетата Александра Николиќ.
Александра во суперфиналето се најде покрај Ана Ќурчиќ, невенчаната сопруга на Ѕвездан Славниќ и дома си замина со чек од 50.000 евра.
Иако сите очи беа вперени во победничката која во текот на оваа сезона го изневеруваше своето момче, минатогодишниот победник Дејан Драгојевиќ, Маја Маринковиќ успеа да го привлече вниманието на сите фоторепортери.
Откако беше исфрлена од куќата како шестопласирана, Маја налета на прегратките на нејзиниот татко Радомир Таки Маринковиќ, облечена во златен фустан со исечоци, а потоа позираше покажувајќи што носи одоздола.
Маја тогаш откри дека не и е жал што меѓу нив во финалето ја нема Анѓела Ѓуричиќ, која ја претепа, а потоа беше и исфрлена поради насилство.
Фото: Принтскрин/ Антонио Ахел/Ата Имаџес/Пинк.рс