Нешто повеќе од една година откако ја објавија нивната поп-рок песна насловена „Страст“, групата „Водолија“ има нов сингл.
Овој пат, нивната нова музичка творба е „Поведи ме“ за која исто како и за претходната, најголема инспирација да ја комплетира музички, со текст и арнажман, стои потписот на лидерот на бендот, Ристо Апостолов.
Довербата за графичкото обликувањена лирик видеото, повторно и припадна на академскиот уметник Натали Николовска.
Првиот сингл на „Водолија“ за 2023 е во препознатливиот музички израз на Апостолов, кој овој пат претставува една ведра гитарска мелодија, инспирирана од љубовта.