Радио Милева силен удар

Колегите ја изневерија и разочараа Лепа Лукиќ: Ги покани на промоција, па остана сама чекајќи ги

Колегите ја изневерија и разочараа Лепа Лукиќ: Ги покани на промоција, па остана сама чекајќи ги

Иако многу пејачи велат дека Лукиќ им била пример, во вторникот на промоцијата на албумот речиси никој не дојде да ја поддржи, а многумина беа поканети.

Единствена дојде Милена Плавшиќ, која имаше само пофални зборови за Лепа, пишува српски Ало.рс.

– Лепа е некој кого многу го ценам и почитувам. Едноставно, таа е кралица на народната музика. Има одлична кариера, ја почитувам како личност и колешка – изјави Плавшиќ за Курир.рс, а на прашањето дали знае зошто никој од нејзините колешки не дошол кај Лепа, таа одговорила:

– Навистина не знам. Мислам дека требаше да дојдат ако беа поканети, но можеби луѓето не можеа да дојдат поради некои причини. Ги почитувам колегите и одговарам на секој повик ако можам, а за Лепа дојдов од се срце.

Освен Милена, на промоцијата беше и пејачката на поп музиката Бети Ѓорѓевиќ.

фото:Јутјуб принтскрин/Instagram/лепа лукиќ

To top