Радио Милева од еуфорија до омраза

Карлеуша се појави во брутално секси аутфит од десет илјади долари и високо кренат среден прст за нејзините хејтери (ФОТО+ВИДЕО)

Карлеуша се појави во брутално секси аутфит од десет илјади долари и високо кренат среден прст за нејзините хејтери (ФОТО+ВИДЕО)

Јелена Карлеуша одново шокираше со своето најново несекојдневно аутфит издание во кое се појави на роденденот на еден познат лајфстајл магазин, настан што се одржа во Белград.

Таа на црвениот ќилим буквално им го украде шоуто на сите останати откако се појави во хеланки кои изгледаат како мрежести чорапи, во комбинација со „кроп-топ“ направен од истиот материјал.

Но покрај необичните хеланки Карлеуша ги шокираше сите и со кожената чанта на многупознатиот светски бренд која во моментов е хит во целиот свет.

Имено, за  хеланките и чантата од гламурозниот шпански брендпејачката издвоила неверојатна сума на пари.

Оваа чанта од најновата колекција на познатиот бренд чини 5000 долари, а речиси толку чинат и хеланките, односно „само“ 4500 долари. Ако на оваа сума додадеме уште 995 долари колку што чинат исто така брендираните големи, црни очила за сонце, ќе дојдеме до сума поголема од неверојатни 10.000 долари колку што балканската поп- фолк дива потрошила за ова свое екстравагантно издание.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Разбирливо, како и обично мислењата за нејзината вакава појава беа поделени. Од еуфорично воодушевување, до неподнослива леснотија на омраза!

Како што ја создал Бог пргава, русокосата не им премиолчи на негативните коментари, па за да им возврати на хејтерите, Карлеуша се фотографираше во својот дом и тоа брутално разголена…

Топлес крај базенот, само во ултра секси латекс црна танга и модерни црни, широки чизми над колена…

И секако истата онаа чанта за која најмногу ја прозиваа, но критиката овој пат таа и ја препиша и ја поврза со политиката.

Брутално разголените ултрасеки пози, направенои од инает за да им создадат нервози на хејтерите, како доказ дека на Карлеуша карактерот е доволно смел и цврст…

За да се фотографира како им го покажува вискокоренатиот среден прст.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Фото: Инстаграм принтскрин/karleusastar

To top