По нивната прва успешна песна „Безобразно“ за која што снимија спот и одлично помина минатaтa годинa во музичкиот етер низ цела Македонија. „Дијаманти“ е насловот на новата песна на Wolf и Декс,со голем потенцијал да биде вистинско летно музичко освежување на нашата домашна сцена.
Аранжманот и продукцијата се дело на Гоце Симоновски, веќе добро познат уметник и композитор, воедно и бас гитарист на бендот на Влатко Лозаноски. Инаку зад псевдонимот „Вулф“ се крие името на познатиот македонски пејач Роберт Вукелиќ кој долги години опстојува на македонската естрада.
Додека изведбата и тесктот се на Декс и Wolf. Овој пат видео записот е лирикс видео,во кое се појавува девојка на убави и егзотични места.
Уживајте и слушајте македонска музика, проследувајќи го видеото за „Дијамнати“ во продолжение: