Мегафон

„Звукот на новата генерација“ – концерт со студентите на ФМУ

„Звукот на новата генерација“ – концерт со студентите на ФМУ

Овој четврток, со почеток во 20 часот оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Звукот на новата генерација“ со студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје.

На програмата се дела од Моцарт, Дитерсдорф, Лобос, Шостакович и Сен-Санс и Џејкоб. Диригент е маестро Сашо Татарчевски.

Како солисти ќе настапат Кристина Љушкоска (флејта, четврта година, класа: проф. м-р Страшо Темков), Ивона Давидовска (контрабас, трета година, класа: доц. Александар Поп Христов), Андреј Ѓоршевски (гитара, четврта година, класа: вон.проф. м-р Борче Наумоски), Ивона Стојанова (пијано, четврта година, класа: проф. д-р Марија Ѓошевска), Бојан Димитровски (пијано, втора година, класа: доц. м-р Дино Имери), Ангела Николовска (пијано, трета година, класа: проф м-р Катерина Гелебешева-Костадиновска), Дарко Гроздановски (виолина, четврта година, класа: проф м-р Олег Кондратенко) и Виктор Богоевски (тромбон, трета година, класа: доц. м-р Димче Белчовски).

На концертот ќе бидат доделени и награди за музичка критика на студенти од Факултетот за музичка уметност кои учествуваа на работилницата „Музичка критика“ и присустуваа на концертот „Благден“ со диригентот Вања Ѓумар Николовски на кој беше изведена грандиозната Симфонија бр.5 од Густав Малер. Студентите напишаа критики кои потоа беа оценувани од жири кое ги избра најдобрите, а на концертот в четврток ќе бидат доделени награди на најдобрите. Работилницата се реализира како соработка помеѓу Филхармонија и Факултетот за музичка уметност и има цел да се поттикне продукцијата и интересот за пишување музички критики меѓу младите.

извор:република.мк

To top