Една од најатрактивните манекенки и актерки, Емили Ратајковски има 32 години и тело на кое би позавиделе многу жени.
Таа е секогаш подготвена за плажа, а исто така е позната и како жената со најубав задник во Холивуд.
По породувањето, Ратајковски веднаш ја доведе својата фигура до совршенство, но потребни биле многу одрекувања за да го добие затегнатото тело и топ формата.
Сепак, нејзината храна не се базира исклучиво на диетални производи, а на нејзиното мени секогаш можете да најдете нешто калорично.
Меѓутоа истакнала дека сепак не е личност која сака приватни тренинзи или затворени простори.
Наместо тоа, таа ја користела секоја слободна прилика да оди на планинарење во околината на Лос Анџелес, а посетувала и часови по јога, но само еднаш неделно.
Емили е омилената Инста девојка, а таа тоа го знае, па своите следбеници реговно ги чести со фотки за плакнење очи, а на оние кои се непосредно до неа на плажа, дефинитивно им треба „гасење“ во вода по еден „фрлен“ поглед кон неа.
фото:Инстаграм принтскрин