На македонската музичка сцена има секогаш место за нови и талентирани изведувачи. Еден таков е и младиот Дарко Гроздановски, кој ја објави својата најнова песна…
Таа носи наслов „Трач“, а за потребите на истата, Дарко и неговата екипа снимија и доста интересен видеоспот, во кој се појавуват повеќе статисти.
Инаку токму Дарко е комплетен автор и на неговата песна, односно тој ги потпишуваи текстот, музиката и аранжманот.
„Се потрудив да создадам нешто поразлично од тоа што имаме прикика да гледаме на нашата естрада. Не велам дека тоа што моите колеги го создаваат не е добро, напротив, имаме премногу квалитетна музика, но ете, сакав да бидам барем малку поразличен. Се надевам ќе и се допадне на публиката, тоа ми е најважно“ – вели Гроздановски.
Погледнете во видеото во продолжение, лајкнете го е споделете дали е „Трач“ или вистина дека се раѓа нова музичка ѕвезда: