Наташа Беквалац размислува да замине од Србија поради нејзиниот се уште законски сопруг Лука Лазукиќ.
Пејачката се пожалила на пријателите дека најдобро е да ја напушти државата за да се заштити од сите скандали и да го зачува своето здравје.
„Мака ми е од се. Не можам да поднесам. До кога? Само да се разведам….Не сум доволно силна за да издржам. Сакам да заминам и да ме нема, се пожалила пејачката на нејзините блиски личности.
„Наташа не може повеќе да издржи. Колку и да се труди да не мисли на семејното насилство, на тужбите, приказните, гласините таа секој ден има нови проблеми. И пречи одморот на Дедиња и на имотот во Ченеј бидејќи таму поминуваше најмногу време со Лука. Капка која ја прели чашата е тужбата со која Лука бара да му ги врати парите кои ги потроши на патувања, ресторани“, вели изворот.
Од друга страна, Беквалац не може да ја напушти Србија затоа што банкротираше и треба да заработи пари. Иако се чувствува без волја, таа започна со преговори за настапи, па така е можно и наскоро да настапува и на еден сплав во Белград.
ПР службата на Наташа ги потврди овие информации
„Наташа сака само да се разведе и не сака ништо од овој циркус“, велат од тимот на пејачката.
фото:Србија данас