Фудбалерот и репрезентативецот на Србија, Немања Гудељ во понеделникот објави дека со Анастасија Ражнатовиќ го загубиле бебето во петтиот месец од бременоста.
По овие тажни вести многу корисници на социјалните мрежи упатија утешни зборови и охрабрувања за двајцата.
Сега се огласи и неговиот брат Драги кој на својот Инстаграм профил сподели фотографија од Немања на која се гледа како ја држи раката крената кон небото.
-Знам дека ќе не гледа сите од горе, напиша тој и додаде емотикони со ангелче и срце.
Инаку српските медиуми пишуваат дека Анастасија ќе се врати дома во Белград во недела по тешкиот период кој тешко го преживува.
Останатите членови на семејствата Ражнатовиќ и Гудељ засега не се огласиле јавно за ова.
фото:Инстаграм принтскрин