Гоца Божиновска призна дека еднаш претепала жена среде улица поради синот Мирко.
Пејачката изјавила дека ја повредила жената до тој степен што потоа морала да прима инјекции 15 дена.
„Се скарав со жена која му удри шлаканица на Мирко. Буквално ја повредив госпоѓата, па потоа таа примаше инјекции 15 дена. Се тепав како маж, ја соборив среде улица. Таа му удри шлаканица, а тој беше тогаш мал. Доаѓам со автомобилот и прашувам: „Кој го тепал моето дете?“, а потоа следувал „масакар“, раскажала таа при гостувањето во емисијата „Амиџи шоу“.
Пејачката потоа објаснила каков изгледал целиот конфликт.
„Колената ми беа крвави, толку многу ја претепав госпоѓата, имав прстен на раката, ја удирив во главата, таа ме потегна за косата собрана во опавче. Всушност, да не ми ја зграпчеше косата, никогаш немаше да се тепам. Се влечевме крвави по асфалтот. Тоа е најлошото нешто што сум го направила. Може да допрете се’, но не и моето дете“ – рекла Гоца.
Фото: KURIR/MAGAZIN IN