По едногодишна врска, познатата пејачка повторно е сама, а причината поради која раскина со момчето е бизарна.
Како што пренесуваат медиумите, причина која се наведува поради која Ријана раскинала со богатиот бизнисмен од Саудска Арабија, е што и досадило да биде со него.
Пејачката и Хасан Џамил беа во врска повеќе од една година.
„Ријана и Хасан беа заедно, тоа беше добра врска, но сега е готово. Ријана му го скрши срцето. Тоа го прави, им ги крши срцата. И досади. Понекогаш мажите едноставно ќе и досадат, вели извор близок на пејачката.
Ријана ја криеше врската од јавноста и на социјлните мрежи никогаш не објави заедничка фотографија. Гласините дека тие се во врска започнаа во јуни претходната година.
Инаку, семејството на Хасан го води претставништвото на „Тојота“ автомобилите, а тој е претседател на семејниот бизнис „Абдул Латиф Џамал“.
Дали Ријана долго време ќе биде „соло“ или наскоро ќе најде нова љубов останува да видиме.