Ќерката на легендарниот фудбалер Синиша Михајловиќ, Вирџинија Михајловиќ, закажала венчавка за 17 јуни кога ќе го каже судбоносното „да“ на својот партнер, фудбалерот на Џенова, Алесандро Вољак.
Младиот пар ќе се венча во катедралата Монополи во Бари, на југот на Италија, а убавата Вирџинија ја прослави својата моминска вечер во Рим.
На фотографиите од забавата гледаме многу балони со натписи „bride to be“ и „team Virginia“, слатки и специјално украсени колачи, но и дамите кои најмногу и значат на идната млада дама – постарата сестра Викторија и се разбира, ќерката Виоланте.
Ќерките на Миха носеа ист модел на фустан со металик сјајна боја, разликата беше само во колоритот. Едната се одлучи за сината, а другата за златна варијанта.
Инаку, Вирџинија која го слави својот 25. роденден неодамна откри кои ќе и бидат кумите.
Нејзини сведоци ќе бидат нејзиниот брат Мирослав и сестрата Викторија, а Алесандро исто така ги избра и сестрата и братот. Бурмите се направени од жолто злато со дијаманти, а таа откри каде ќе одат на меден месец.
– И јас и Алесандро сакаме да ја носиме Виоланте насекаде, без неа не одиме никаде. Иако понекогаш чувствуваме потреба да бидеме сами, патувањето со ќерката дефинитивно е многу поубаво. Таа е најубавото нешто во нашиот живот, таа е дел од нас. Затоа избравме дестинација каде децата ќе можат да уживаат. Се одлучивме за Малдиви.
Фот: Инстаграм принтскрин/virgimih