Поранешната девојка на Џастин Бибер, пејачката Селена Гомез, објави фотографија на која многумина се сомневаат дека е кокаин во позадина, по што контроверзната фотографија беше отстранета од нејзиниот профил „со брзина на светлината“.
Селена Гомез е една од познатите личности кои присуствуваа на концертот на музичката сензација Бијонсе. Поранешната тинејџерска ѕвезда е во Париз, а непосредно пред концертот објави фотографија од бекстејџ која предизвика вистинска бура на социјалните мрежи.
Имено, на спорната фотографија Гомез позирала со својата пријателка, но она за што денес сите зборуваат е сцената на масата зад нив, за која многумина се сомневаат дека е кокаин.
Коментарите набрзо почнаа да се редат, а фотографијата беше отстранета од профилите на социјалните мрежи на Селена „со брзина на светлината“.
Иако можеби станува збор за нешто сосема друго,осудата веднаш беше изнесена.