Познатата македонска манекенка со интернационална кариера, Катарина Ивановска, минатата недела го прослави првиот роденден на своето синче Вања.
Тој веќе е потпораснато бебенце, а мама Катарина е неуморна во мајчинските, но и професионалните обврски.
Мајчинството и семејството секако и се на прво место. Секоја мајка добро знае дека кога се има малечко дете во домот, никогаш не може се да блеска и да изгледа совршено.
Дека тоа е така таа покажа на социјалната мрежа Инстаграм каде откри како изгледа нејзиниот дом во хаотична состојба.
Многу играчки, бебешки алишта… едноставно позитивен хаос кој секој родител го живее, а сепак му годи и го полни срцето.