Анѓелка Прпиќ го доби првото дете со новиот партнер, а по втор пат стана мајка, бидејќи веќе има син од првиот брак.
Актерката се породи во Белград и на свет донесе девојче, пишуваат српските медиуми.
Веќе подолго време е во љубовна врска со партнерот Марко, со кој започна да се гледа по разводот со Дарио Прпиќ со кој има син.
Анѓелка и Марко неколку месеци ја крие врската од јавноста, но двојката беше во центарот на скандалозните случувања откако се дозна дека тие се во врска подолго време, а Марко е кум на поранешниот сопруг на актерката, додека нивното познанството трае уште од училишните денови.
Можеби и затоа актерката ги избегнува одговорите на прашањата за тоа како се случила љубовта меѓу нив двајца?!
Фото: Инстаграм принтскрин/andjelkap