Радио Милева Секси свадбарка:

Сара Мејс – трудна до заби, отворена до папок, елегантна во секој поглед! (ФОТО)

Сара Мејс – трудна до заби, отворена до папок, елегантна во секој поглед! (ФОТО)

Македонската поп пејачка Сара Костадиновска, позната по уметничкиот прекар Мејс е во блажена состојба. таа и водителот Димитар Атанасовски ја очекуваат својата принова, своето прво чедо, чиј пол се уште не го откриваат иако сара е во седмиот месец од бременоста. Сепак се шушка дека убавата пејачка и харфистка ќе биде за прв пат мајка на девојче.

Таа не сака многугиу јавно да се експонира се додека детенцето не се роди, но сепак, сакала-не сакала, понекогаш и распеаната трудница има потреба и обврска да се појави во јавноста, како што беше минатонеделното присуство на промоцијата на ДНК…

…а овој викенд и на свадбата на нејзината колешка по микрофон, пејачката и лекарка Симона Поповска.

За таа пригода Сара облече свечена и модерна тоалета. Изборот очигледно не бил лесен, што заради вечната женска дилема: „Што да облечам?“, што заради спицифичната состојба на свадбарката.

Откако го прочешла гардероберот,  изборот падна црн долг елегантен фустан, со длабоко деколте, кое и покрај бременоста ги апострофира скалдните атрибути на пејачката. Или што би рекле народски, Сара Мејс трудна до заби, отворена до папок и елегантна во секој поглед. Големиот ѓердан со украсни кристали, нејзината позната спечифичната фризура и дискретната шминка беа само јаготка на шлагот кога е свадбарскиот изглед во прашање на македонската пејачка.

Разбирливо ваквата убавина мораше да се овековечи со селфи покрај гардероберот, а потоа и да се побзнани на социјалните мрежи, за сите да видат колку Сара е секси мама и кога е облечена како дама!

To top