Радио Милева Бизарно

На Тина Тарнер и се зголеми бројот на следбеници на „Инстаграм“: За три дена покојната пејачка ја заследија плус 200.000 луѓе (фото)

На Тина Тарнер и се зголеми бројот на следбеници на „Инстаграм“: За три дена покојната пејачка ја заследија плус 200.000 луѓе (фото)

Тина Тарнер почина во средата на 24 мај на 83-годишна возраст, а од тој ден бројот на следбеници на нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм рапидно расте.
Кралицата на рокенролот почина по долго боледување во својот дом во Куснахт во близина на Цирих, Швајцарија, оставајќи зад себе богата музичка кариера.

Тарнер важи за една од најпопуларните пејачи со над 180 милиони примероци на продадени албуми ширум светот.

И затоа не е чудно што „Кралицата на рокенролот“ ја следеа милион луѓе на социјалната мрежа Инстаграм.

Меѓутоа, откако таа почина, бројот на следбеници почна да расте. Ден откако почина, покојната пејачка ја следеа уште 100.000 луѓе, а сега има 1.200.000. придружници.

Тина Тарнер родена како Ана Меј Булок на 26 ноември 1939 година, беше американска пејачка и актерка чија кариера траеше повеќе од 60 години.

Фото: Принтскрин/АП фото

To top