Во 2016 година пејачката и тазе докторка Симона Поповска доби свршенички прстен на патување во Италија од својот сакан Крис Поповски.
Следната година во месец август се случи и свршувачката која младите ја прославија во кругот на најблиските на брегот на Охридското езеро.
Тогаш, убавата Симона објави нешто повеќе фотографии од убавиот и значаен ден во нејзиниот и животот на избраникот, а сега по речиси една година ја направија и свадбата во еден струшки хотел, повторно лоциран на брегот од езерото.
Невестата ден претходно правеше моминска забава, а пак на свадбата каде присуствуваа многу гости се пееше од народно, забавно, специјално играа игроорци, се слушаа тапани и зурли.
Меѓу присутните на свадбата од колегите фотографии поставија Сара Мејс и Димитар, а тој момент не го пропушти и стилистот Бобан Тодоровски кој позираше со убавата невеста која избра традиционалена венчаница во принцеза крој.
Честитки!