Радио Милева самоуверена

„Моето тело го доведов до совршенство“: Јована Јеремиќ откри колку килограми има (фото)

„Моето тело го доведов до совршенство“:  Јована Јеремиќ откри колку килограми има  (фото)

Активниот живот и интензивните тренинзи се секојдневие на Јована Јеремиќ, која сега се пофали со килограмите и истакна дека никогаш не изгледала подобро.
Покрај килограмите, Јована со следбениците сподели и колку е висока, а се пофали дека никогаш не изгледала подобро.

Водителката многу се грижи за својот физички изглед, што се гледа по нејзиното извајано тело, а сега со обожавателите сподели селфи од теретана и откри колку е висока и колку тежи.

– Јована Јеремиќ, 32 години, 163см-53кг. Никогаш не сум изгледала подобро. Сликата е без грам фотошоп. Моето тело го доведов до совршенство – напиша Јована, а коментарите постојано се слеваа:

– „Бомба“, „Џебна Венера“, „Ситна а динамитна“, „Убава“ се само дел од коментарите што следеа.

Да потсетиме, Јована неодамна призна дали на нејзиниот партнер и е тешко да се справува со додворувачите.

-Не му е тешко, ниту ќе му биде, бидејќи е доволно силен и моќен, самоуверен да знае дека го сакам само него. Го објавувам тоа, бидејќи сум многу љубоморна жена.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Јована Јеремиќ

To top