Радио Милева сатисфакција

Сека Алексиќ пред почетокот на летото направи естетска корекција од која и тоа како е задоволна (фото)

Сека Алексиќ пред почетокот на летото направи естетска корекција од која и тоа како е задоволна (фото)

Познатата пејачка Сека Алексиќ имаше естетска интервенција на лицето во една белградска клиника.

Имено, таа реши да ги отстрани дамките од лицето, а самиот процес на разубавување го објави на социјалната мрежа Инстаграм.

– Последен третман со ласерско отстранување на дамки пред летото. Продолжуваме во октомври – напиша Сека.

Самиот третман очигледно не и бил тежок на популарната пејачка, а со насмевка следела што и прават вештите раце на стручњаците од кои е презадоволна и секако од посакуваниот резултат.

фото:Инстаграм принтскрин/Сека Алексиќ

To top