Радио Милева храбра мајка

Антониа Гиговска во шарено мини фустанче и високи потпетици во третиот триместар од бременоста (фото)

Антониа Гиговска во шарено мини фустанче и високи потпетици во третиот триместар од бременоста (фото)

Деновите минуваат, а младата пејачка Антониа Гиговска расте и се подготвува за иднината и улогата на мајка.

Сето тоа и носи предности но и значајни промени од нејзината комфорна зона.

Токму поради тоа, таа веќе не е активна со нејзината музичка кариера, но постојано е присутна во медиумите поради љубопитноста на нејзините обожаватели  и изненадувањата кои им ги приредуваа, споделувајќи и откривајќи им дел од интимните моменти за време на бременоста.

Таа на нејзините кратки Инстаграм приказни обожава да провоцира со нејзиното тело, а случај беше и овој пат кога храбро се качи на високи потпетици во третиот триместар од бременоста и се пофали дека издржала „машки“:

„Долго време без високи потпетици, но издржав машки…“ – стоеше на нејзината објава по повод роденденот на „Убавина и здравје“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Пејачката на настанот се облече во шарено и плетено мини фустанче и јакна, а сето тоа го комплетираше со високите потпетици на врзување во црна боја.

Антониа што и да направи, остава впечаток дека е пресреќна за приновата бидејќи постојано споделува фотографии во контекст на нејзината бременост, а неодамна  го откри и полот на бебето, па на фановите им соопшти дека очекува син.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Антониа Гиговска

To top