Нашата популарна ТВ водителка Лила Филиповска и српската пејачка Јелена Карлеуша освен тоа што и двете се познати и имаат јавна професија, доста се влијателни на социјалните мрежи, имаат голем број обожаватели, но исто така не ретко имаат ист вкус кон модните брендови.
Лила за стартот на 2018 година се поднови со нов луксузен чифт модел на сандали од реномираниот бренд Гучи кои чинат околу 1000 долари.
Сега, половина година подоцна, истиот модел само во сребрена нијанса, го купи и Карлеуша.
Италијанскиот бренд не ретко им е избор на двете влијателни дами, но овој пат наша Лила беше прва во изборот.