Канскиот филмски фестивал почна и ќе треае трае до 27-ми мај на француската ривиера.
На црвениот килим меѓу познатите беше и Мајкл Даглас (78) со сопругата, актерката Кетрин Зета Џонс (53) и ќерката Карис.
Кетрин заблескала во смелиот фустан од познатиот дизајнер Ели Саба во црвено-виолетова комбинација.
Нејзиното деколте привлекло внимание и го нагласило сексапилот на актерката, додека Кариса носела бел, чипкан фустан којшто имал проѕирни делови, но стратешки распоредени, па така не дозволил да се види нешто што не треба.
Многумина коментирале дека Кариса е многу убава и дека личи и на нејзиниот татко и на нејзината мајка.
Инаку, Мајкл Даглас ја прими почесната Златна палма на отворањето на 76-от филмски фестивал.
„Толку многу ми значи затоа што толку фестивали ширум светот има, но еден е Кан“, изјавил 78-годишниот актер опишувајќи ја наградата како „неверојатна чест“.
Претставувајќи го Даглас, Ума Турман го опишала како единствен и како продуцент и како легендарна филмска ѕвезда.
Во текот на свеченоста на отворањето на фестивалот, Киара Мастроиани изјавила:
„Смислата на овој фестивал е и останува евоцирање на нашата слобода… Да ја изразиме силата и кршливоста на нашето постоење“…
Таа му посакала добредојде на жирито, предводено од Рубен Остлунд на сцената.
Драмата „Jeanne du Barry“ беше филмот на француската режисерка Маивен за монархот од 18-ти век којшто се заљубил во проститутка и којшто го отвори фестивалот.
Фестивалот на француската ривиера вклучува многу премиери меѓу кои и Индијана Џонс, што ќе биде петто и последно продолжение од тој серијал со Харисон Форд како археолог во главна улога.
фото:Јутјуб принтскрин