Амал Клуни, сопругата на поранешниот најголем заводник на Холивуд, секогаш воодушевува со својот изглед.
Лондон овој пат не беше типично мрачен ден, а заслугите се на фаталната убавица Амал Клуни, адвокатката за човекови права и сопруга на Џорџ Клуни, која се разубави со својот изглед.
Дивата, која јавноста ја запозна како единствена жена на која актерската легенда и го кажа „судбоносното да“, не престанува да воодушевува со секое нејзино појавување.
Облечена во розов комбинезон, чиј крој наликуваше на фустан, уште повеќе ја истакна нејзината црна, бујна, распуштена коса.
Како додаток носеше чанта во истата нијанса, а половината ја нагласи со црн појас.
Таа имаше малку повеќе шминка на лицето, а дијамантските обетки додадоа дополнителен шмек на елеганција.
Црните едноставни салонки ја запечатија облеката.
Фото: Принтскрин/Стивен Лок / Зума Прес / Профимедија