Пејачот Јасмин Алиевски уше еднаш докажа и покажа зошто е „зрел“ кандидат за во големото финале на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Тој се натрпеваруваше во саботата и го освои максималните шест гласови на членовите на жирикомисијата.
Јасмин изведуваше две песни, првата беше легендарната „Зајди, зајди“, а втората песна која ја пееше беше големиот хит на Тоше Проески, „По тебе“.
Жирито не ги штедеше пофалните зборови за нашиот кандидат:
„Толку ми беше емотивна „Зајди, зајди“. Сме ја слушнале многу пати, но сега почуствав нешто. Без грешка“ – искоментира Мили.
„Секоја чест што ја оправда довербата, ти симнувам капа“ – искоментира неговиот ментор Ѓорѓе Давид.
Исто така го пофали и директорот на „Гранд“, Саша Поповиќ, кој кажа дека нашиот Јасмин бил одличен.