Вчера официјално беше отворен 76. Кански филмски фестивал, а Ума Турман пристигна на Азурниот брег во комплет кој е есенција на шик облеката.
Ума Турман пристигна на Азурниот брег облечена од глава до пети во Диор. А, дури и кога носи беж, сиви нијанси, таа успева да го украде целото внимание. Таа пристигна во Кан со синот Левон Роан, кој го имаше во брак со Итан Хок. Па, прошета низ Кан во елегантен, минималистички костум под кој носеше едноставна бела маичка, која ја спои со рамни, отворени беж сандали и црна чанта.
Она што ја крена целата комбинација и зошто толку ни се допаѓа е феноменалниот шешир со потпис на Диор, чија цена е околу 800 евра. Ума со години се спротивставува на тешката шминка и се држи до својата природна, топла руса нијанса на коса. Никогаш не сме ја виделе тонирана и во облека што не е шик. И така е откако ја познаваме.
Канскиот филмски фестивал беше отворен вчера со премиерата на филмот „Мадам ди Бари“ со Џони Деп во главната улога.
Фото: Принтскрин/Splash / Профимедиа/Џиџи Јорио