Српскиот актер Милош Биковиќ првпат ја посети Македонија, иако по дедо има потекло од Берово. Вчера во Синеплекс премиерно беше прикажан рускиот филм „Предизвик“ во кој ја игра главната улога. Филмот е прв во историјата снимен во вселената во режија на рускиот режисер Клим Шипенко. Не бил никогаш во Берово местото од каде потекнува негов дедо по таткова линија. „Да, Биковски. Мислам Биковиќ, тогаш дедо ми го променил презимето затоа што било некое правило на Југославија. Еден од дедовците, односно брат му на дедо ми останал Биковски, а другиот Биковиќ. Така одлучиле едниот да е Србин, другиот Македонец.
Не сум бил досега во Берово, но планирам да го посетам“ рече Биковиќ за Репортер. Во Македонија пиеше бело видно затоа што вели му е полесно, а оттука нема да замине пред да ја проба македонската кујна за која вели „Ја сакам македонската храна, и мислам дека Македонија има добро вино, храна и добра песна“. Иако беше дојден за премиера на негов филм кој ќе се прикажува во нашата земја, го прашавме дали досега изгледал филм од македонската кинематографија, на што призна дека во последно време нема погледнато ниту еден македонски филм. Кога има напорен ден, се релаксира со читање книга, а понекогаш и сака да патува.
За новиот филм „Предизвик“, вели дека кога првпат го прочитал сценариото, она што му го привлекло вниманието е предизвикот да ги научи стручните термини за торакалната хирургија, подготовката на космонаутите кои поминуваат во вселената. „Да се најдеш во таа центрифуга, авион кој паѓа и кој е единствен на светот кој ви дава можност да бидете во бестежинска состојба, сите тие работи кога ќе се искомбинираат е комплексна задача. Замислете се наоѓате во центрифуга која ви дава 4Г, четири пати од вашата тежина. Ако имате 30 килограми или 50, вие имате 200 килограми, такво е чувството. Другиот предизвик е да се најдеш во авион кој паѓа, и во моментот кога паѓа вие имате бестежинска состојба и при тоа да глумите на руски јазик. Во истиот тој случај да го познавате процесот на торакалната хирургија и сето тоа се предизвици кои мора во исто време да се направат“, раскажа Биковиќ за главната улога во филмот „Предизвик“ за кој информираат регионалните и светските медиуми.
Проследете го целото интервју во видото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):