Во саботата се случи големото финале на годинешното 67-мото издание на Евровизија, во Ливерпул – Велика Британија.
Македонија овој пат не учествуваше на музичкиот натпревар, но тоа секако не беше пречка да се чувствува возбудата и кај нас.
А, откако се претставија 26-те земји кои влегоа во финалето на Евровизија, првото место и припадна на Шведска, благодарение на Лорин која ја изведе песната „Тетоважа“.
Младата македонска пејачка Антониа Гиговска иако периодов поради блажената состојба не е активна со својата музичка кариера, таа на социјалната мрежа Инстаграм го произнесе нејзиното мислење за победничката песна.
Антониа воодушевена од изведбата и моќниот глас на Лорен ја репостираше видео објавата од официјалниот Инстаграм профил на победничката.
View this post on Instagram
Па, така меѓу нејзините кратки приказни се најде видеото од победничката песна на швеѓанката Лорин, која според неа песната „Тетоважа“ заслужено го освоила трофејот бидејќи го освоила и нејзиното срце.
„Сепак квалитет, вокал и песна, не циркуз“ – напиша таа воодушевена од нејзините музички квалитети.
„Победничката е една и единствена“ – на англиски јазик стоеше подолу на објавата потенцирајќи дека за неа е вистинска кралица оставајќи стикер со круна.
А дека тоа е така зборува и фактот што Лорен со оваа победа влезе во историјата на Евровизија со тоа што стана првата жена која по втор пат победи и со тоа се доближи до Ирецот Џони Логан, кој успеа да го направи тоа дури 3 пати.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Бета Ап