Ноа Кирел го претставуваше Израел на овогодинешното издание на Евровизија која се одржа во Ливерпул. Оваа девојка дури во полуфиналето ја освои публиката, а со својот танц засени многумина.
Нејзината учесничка песна се вика “Unicorn” односно Еднорог и со неа го освои третото место со вкупно 362 бода.
Животната приказна на најатрактивната учесничка на „Евровизија“, израелската претставничка Ноа Кирел, предизвикa огромно внимание кај евровизиските фанови.
Израелската пејачка Ноа Кирел брзо ја освои ласкавата титула за најубава претставничка на „Евровизија“ и привлече огромно внимание. Ноа и покрај младата возраст веќе постигна многу, па не е позната само како пејачка, туку и како водителка, актерка и текстописец.
Својата дебитантска песна ја објави на 14 години, а на 18 потпиша договор со „Атлантик рекордс“, додека во 2020 година ја доби наградата за најдобар израелски изведувач на „MTV Europe Music Awards“.
Сепак, на убавата и талентирана Ноа не и беше се лесно, ниту пак нејзиниот живот течеше мазно. Уште кога била мало бебе имала големи здравствени проблеми, а кога имала само два месеци и било дијагностицирано тешко заболување на бубрезите.
Инаку, родителите и го дале името Ноја, но откако и се слошило, рабинот предложил да го променат во Ноа (што значи движење на хебрејски) и на шега „пророкувале“ дека ќе биде танчерка. Иако нејзиното здравје е подобрено, Ноа има само еден функционален бубрег, бидејќи другиот никогаш не се развил поради бактериска инфекција.
Друг интересен податок за оваа убавица е тоа што ѝ се придружи на израелската војска во 2020 година и служеше во воениот оркестар. Таа го отслужи задолжителниот двегодишен стаж и почесно беше отпуштена на 14 февруари минатата година.
Од октомври 2021 година, таа е во врска со израелскиот модел и актер Томер Хакоен.
Фото: Принтскрин/Инстгарам/ЕПА