По голем љубовен скандал и неколку години самотија, славната пејачка конечно најде нова љубов.
Пред неколку години кариерата на убавата и заводлива бринета Љупка Стевиќ ја одбележа скандал од нејзиниот приватен живот. Таа потоа ја раскина десетгодишната врска со бившиот партнер, кого го прислушуваше и чиј автомобил дури и го искрши, по што следеше невиден медиумски интерес за неа, но и тежок период од кој на крајот излезе победничка.
– Најтешките моменти што ги имав сама ги пребродив без никаква стручна помош кога многумина мислеа дека тоа ќе биде катаклизма за ранливата личност, но од мала имав сила да надминам се на крајот како војник – изјави Стевиќ, која после тоа вешто го крие својот љубовен живот за кој по неколку години молчење вели:
– Јас сум искрена во љубовта, никогаш не ги кријам емоциите и кажувам се во лице. Љубовта е нешто што ја задржува насмевката на нашето лице и тоа е прекрасно чувство. Да, вљубена сум и ова е премиерната исповед – изјавила Љупка која без премногу очекувања и размислувања остава се да си тече слободно во новата врска.
– Цврсто и стабилно газам по земјата, свесна за ситуацијата. Ништо не очекувам, не се надевам, имам свои животни планови, а што се однесува до љубовта, пресметката ќе ја видиме за три месеци – изјави Стевиќ за Гранд онлајн.
Фото: Принтскрин/Инстаграм