ХАRAKIRI е ново македонско трио кое грубо кажано свири алтернативен рок, но вели дека го турка истиот до границите и пробува да му го скине хименот.
Својот стилски компромис го нашле во моќните и fuzzy гитарски рифови, строгите грувови и чувствителните вокали.
После турнеја со Луфтанза низ повеќе градови на Балканот, и скоро издадено EP “харакири” триото доаѓа на „Д Фестивал 2023“ во Дојран.
Триото го сочинуваат: Андреј Димовски – гитара и вокал, Виктор Стојановски – тапани, Марко Печеновиќ – бас и вокал.
„Харакири” го издаде своето прво ЕР, а достапно е на YouTube и Bandcamp, наскоро и на други платформи. ЕП-то содржи 4 песни:
1. Спротивниот крај
2. Јазикот сив
3. Иста доза
4. Нема да се повтори
Материјалот е снимен е во 2023 во Алшар Студио, а миксот и мастерот е направен од Раде Биковски.
Како пилот најава проследете ја темата „Спротивниот крај“ и видеото за истата во црно бела техника кое го потпишува Марко Печеновиќ (КЛИКНИ ТУКА):