Актерката Анѓелка Прпиќ ужива во бременоста, а наскоро ќе роди бебе кое го очекува заедно со партнерот Марко.
Анѓелка редовно се огласува на социјалните мрежи, а како што сега пренесуваат медиумите, актерката и нејзиниот избраник за собата на наследникот издвоиле околу 3.000 евра.
– Анќелка и нејзиниот партнер горе-долу го завршија опремувањето на детската соба. Најпрво бебето ќе биде со нив во брачната соба иако катчето за бебето секако е завршено. Тие морале да платат за одредени работи, додека таа на Инстаграм договарала компензација за опрема за бебиња, колички и се што оди со тоа. Сите во семејството со нетрпение го очекуваат доаѓањето на новиот член, па ќе слават како што доликува – изјавил изворот за „Курир“.
Да потсетиме, тамошните медиуми со месеци известуваат за бременоста на актерката Анѓелка Прпиќ и нејзиниот партнер, кој е школски пријател на поранешниот сопруг на Анѓелка, Дарио Прпиќ, а нејзиниот татко Предраг Стевиќ неодамна за „Блиц“ изјави дека ја поддржува својата ќерка и секој нејзин избор.
Фото: Принтскрин/Антонио Ахел/Ата Имаџес/