Мегафон светски искуства

Уште една Македонка на обука кај Марио Дедивановиќ – личниот шминкер на Ким Кардашијан

Уште една Македонка на обука кај Марио Дедивановиќ – личниот шминкер на Ким Кардашијан

Прилепските шминкери повторно учат и се надоградуваат од светски познатиот мејкап артист Марио Дедивановиќ, познат како личниот шминкер на Ким Кардашијан и други селебрити личности.

Така младата Наталија Тодоровска од прилепското  „Студио Тодор” неодамна ja имаше можноста да присуствува на 8 часовна обука лично кај Марио Дедивановиќ за време на неговото присуство на часовите во Тирана.

Наталија вели дека и претставува огромна чест што присуствуваше на овој настан, вели дека Марио несебично ги споделува со студентите сите техники, трикови и целото свое искуство што го стекнал во изминатите 18 години работејќи со најпознатите светски селебрити личности.

Благодарна е на апсолвираното и ветува дека ќе продолжи да ја надоградува својата професија.

To top