Атрактивната бринета, чија иднина на музичката сцена многумина ја оценија како полна со потенцијал, го живее американскиот сон, а нејзината кариера во САД е исто толку светла како и онаа што и ја предвидуваа и на Балканот.
Наташа Којиќ замина во САД како стипендист на престижниот универзитет „Беркли“, беше одличен студент, а сега се занимава со компонирање музика за филмови и серии кои можете да ги слушнете во бројни странски продукции, а неодамна започна и соработка со „Нетфликс“.
Сепак, она што многумина најмногу ги интересира е каде живее ќерката на Драган Којиќ, Кеба, откако ја напушти луксузната вила на нејзините родители кои со години уживаат во Бежанија Коса.
Ниту на Наташа не и е лошо, бидејќи атрактивната наследничка на Драган Којиќ често на својот „Инстаграм“ објавува фотографии од станот во кој живее и кој не е ништо помалку луксузен од домот на нејзините родители на кој е навикната.
View this post on Instagram
Нејзиниот стан е простран, доминираат светлите тонови, а сè е хармонично дизајнирано и зрачи со топлина.
Фото: Принтскрин/Инстаграм