Радио Милева тажна вест

Замина човекот кој на светот им ги соопшти терористичките напади на кулите близначки во Њујорк: Почина Џон Роланд – водителот на вестите на „Fox“ (FOTO)

Замина човекот кој на светот им ги соопшти терористичките напади на кулите близначки во Њујорк: Почина Џон Роланд – водителот на вестите на „Fox“ (FOTO)

Џон Роланд, кој три децении работеше како водител на вести за Фокс 5 во Њујорк, почина на 81 година.

Роланд речиси 30 години ги води вестите од 22 часот на њујоршкиот канал, а и пред тоа работеше како водител на ноќни вести.
Токму тој му  соопшти на светот за многу историски настани, како терористичките напади на 11-ти септември.

Во текот на децениите, Роланд стана доверлив новинар за милиони луѓе.

Оние кои работеа со Роланд, вклучувајќи ја и неговата колешка, водителката Росана Ското, во 1990-тите, рекоа дека тој бил инспирација.

„Седењето до Џон секогаш беше лекција за учење“, рече таа.

Новинарот, по потекло од Питсбург, ја започна својата кариера во 1960-тите работејќи за NBC News во Лос Анџелес.

За него беше познато и дека во една прилика и самиот беше предмет на вестите. Имено, во мај 1983 година, Роланд и неговиот пријател биле на вечера во ресторан на источната страна на Њујорк, кога тројца вооружени мажи влегле во ресторанот и се обиделе да ги ограбат гостите.

Водителот се борел со еден од разбојниците и го застрелал во ногата пред да го разоружа. Останатите двајца разбојници потоа го нападнале водителот на вестите, удирајќи го со пиштол по глава поради што на Роланд бил шиен со 32 конци.

To top