Принцезата од Велс Кејт Мидлтон конечно ги откри своите размислувања за покојната принцеза Дајана.
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам беа во Велс и се најдоа на насловните страници кога рачно доставија пица на паркингот за време на посетата на рагби клубот Dowlais во Мертир Тидфил на планинските спасувачи.
Во оваа прилика Кејт разговараше со обожавателите и даде редок коментар за принцезата Дајана.
Кога една кралска обожавателка ѝ кажала дека го носи свршеничкиот прстен на Дајана, таа потврдила дека тоа е „ист прстен“, додавајќи дека не морала да го прилагодува за да го носи.
Kate Middleton caught on camera making rare remarks about Princess Diana https://t.co/jCJ4os8GVE pic.twitter.com/wXI76nzdFt
— New York Post (@nypost) April 28, 2023
– Но, за жал, никогаш не ја запознав – заклучила таа.
Додала и дека верува дека Дајана би била „одлична баба“, а на прашањето дали му недостига на семејството, таа одговорила:
– Многу многу. На семејството му недостига секој ден.
Во 2010 година, принцот Вилијам и подари на Кејт свршенички прстен со 12-каратен цејлонски сафир опкружен со 14 „ореол“ дијаманти, кои принцезата Дијана ги носеше пред неа.
фото:AP Photo