Пејачката Ана Николиќ никогаш не криела дека побарала помош од естетски хирург и ги зголемила градите со силиконски импланти, но таа е една од ретките кои ги задржале своите импланти по втората операција!
Ана Николиќ најавува враќање на естрадниот трон и во тоа име не само што снима нови хитови, туку создава скандали кои ги интригираат нејзините фанови.
Сега во стилот на светските ѕвезди призна дека ги отстранила првите силикони кои ги имала во градите бидејќи сакала поголеми. Откако ја напуштила операционата сала, ги зела имплантите и ги однела дома со себе.
Таа вели дека тие силикони се толку мали, што медицинските сестри дошле во салата да ги видат и се изненадиле што ги ставила.
Ана тогаш објасни дека силиконите не можете да ги фрлате бидејќи не се разградуваат и постои правило за одложување на таков отпад. Има таканаречени силиконски гробишта, но наместо гробишта, таа избрала сеф.
фото:Instagram printskrin/Ana Nikolic