Популарната пејачка Емина Јаховиќ неодамна се разведе од нејзиниот сопург Мустафа Сандел, но деновиве тие се сретнаа и поминаа одредено време заедно.
Емина деновиве престојува во Истанбул, а по разводот се обидува повторно да се пронајде себе си. Слободното време го поминува во дружење со пријателите, семејството и децата.
Деновиве нивниот син беше главен актер во една претстава, а во оваа прилика бившите сопружници повтороно се сретнаа, поминаа малку време заедно, а што е најважно го подржаа нивниот син.
Турскиот музичар и Емина на своите Инстаграм профили го споделија истото видео. И двајцата се горди на нивниот син, а разводот не ги спречува да функционираат добро за нивните деца.